Дел од играчите на Челси уште се бесни на Енцо Фернандез!

by riste
1 минути читање

Енцо Фернандез креираше хаос во соблекувалната на Челси, доби и два меча суспензија од клубот поради изјавите со кои флеруваше со Реал Мадрид.

Со дуелот со Манчестер Сити неговата суспензија истече, па тој ќе биде во комбинација за следниот натпревар во Челси.

Но, дека атмосферата во соблекувалната не е нормална, пријателска, покажа едно видео од мечот со Сити.

Голманот на Челси, Филип Јоргенсен упати лут поглед кон Енцо Фернандез и помина покрај него.

Според дел од англиските медиуми ова е доказ дека атмосферата во Челси не е нормална.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×