BET-IBC совети за обложување: Милано гори, време е за Дерби дела мадонина

by
4 минути читање

Најдобриот и најпрофесионален брокер за онлајн обложување BET-IBC и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Милан – Интер: Победа или реми за домаќинот

Двата градски ривали различно ја започнаа сезоната, Интер беше лидер до декември, а Милан се мачеше и му врачи отказ на Монтела. Но потоа формата се промени, „Нероаѕуирите“ влегоа во криза а „Росонерите“ под водство на Џенаро Гатузо сега не знаат за пораз на 13 натпревари. Интер има две победи на последните три меча, но перформансите не се на потребното ниво. Последен пат избраниците на Спалети одиграа како што треба во декември, кога со 5-0 го демолираа Киево. Формата е на страна на Милан, избраниците на Рино исто така ќе ја имаат поддршката на публиката на својата страна па се очекува да обезбедат добар резултат.

Барселона – Атлетико Мадрид: Двата тима даваат гол

Во дербито на 27. коло во Ла Лига, Барселона на Камп Ноу го пречекува Атлетико Мадрид. Долго време се мислеше дека „Каталонците“ се шампиони, но избраниците на Валверде на последни пет натпревари дури во три наврати одиграа нерешено па дозволија „Колчонероси“ да фатат приклучок и да се доближат на само 5 бода. Избраниците на Симеоне се во одлична форма, имаат осум победи во серија во сите натпреварувања, а со Диего Коста како партнер во форот, Антоан Гризман влезе во страшна голгетерска форма. Французинот постигна хет-трик против Севиља, а потоа и „покер“ против Леганес па сега ќе сака да ја урне и Барса и да ја направи завршницата од сезоната екстра возбудлива. 

Манчестер Сити – Челси: Победа на домаќинот

„Граѓаните“ во извонредна атмосфера го пречекуваат шампионот Челси. Избраниците на Пеп Гвардиола минатата недела го освоија Лига Купот, а потоа уште еднаш му оддржаа лекција на Арсенал и со 0-3 го совладаа на Емирати. Ситуацијата во Челси е сосема спротивна. Шампионот минатата недела загубија на гостувањето кај Манчестер јунајтед, што беше трет пораз на последните четири средби во Премиерлигата, повеќе не се во топ 4 и сега заостануваат пет бода зад Тотенхем. На Манчестер Сити му требаат уште пет победи за стана шампион, и избраниците на Пеп Гвардиола ќе сакаат што порано да го остварат ова за да ја покажат својата супериорност.

Марсеј – Нант: Победа на домаќинот

Нант има само една победа на последните осум натпревари против Олимпик Марсеј кој по трите последователни порази конечно има вистински противник за да им се врати на победата. Марсеј на домашен терен нема пораз веќе 15 натпревари, од нив има само три нерешени средби. Марсеј е на третата позиција која ја брани од Лион и потребни се бодови до крајот на сезоната за да остане на местото кое води во Лигата на шампионите. Нант најмногу што може да направи е да дојде до петтата позиција на табелата, прашањето за опстанок им е решено. Вечерва се очекува победа на домаќинот.

BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, нивниот VIP-IBC ќе се погрижи да бидат задоволни. BET-IBC овозможува и највисоки влогови и во помали лиги преку Skype обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани