Сити го згази Челси во Лондон и го искористи киксот на Арсенал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити со 3-0 го победи Челси на негов терен и го искористи киксот на Арсенал, момците на Гвардиола сега сами решаваат за титулата во Премиер лигата.

Првото полувреме од денешниот дерби меч беше рамноправно, двете екипи имаа свои шанси за гол, но мрежите мируваа.

Сепак, во вторите 45 минути, Сити беше многу подобар, а тоа резултираше со дури три погодоци во мрежата на Челси.

Орајли во 51. минута го отвори резултатот, а само шест минути подоцна Гуеи зголеми на 2-0 за Сити, конечните 3-0 ги постави Доку во 68. минута.

Арсенал има шест бода повеќе од Сити, но тимот од Манчестер има натпревар помалку, а во наредното коло двете екипи имаат и меѓусебен дуел на Етихад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×