19
Медиумите од Италија пренесуваат дека Лучано Спалети добро ја наплатил новата соработка со Јувентус, добил двојно поголема плата и ќе биде вториот најплатен тренер во Серија А.
Лучано Спалети доби доверба да го предводи новиот проект на „старата дама“, оваа недела пристигна информација дека стратегот го продолжил договорот до јуни 2028 година.
Како што пренесуваат медиумите, Лучано Спалети добро ја наплатил новата соработка со Јувентус.
Тој во иднина ќе заработува двојно повеќе, односно околу 6 милиони евра сосе бонуси.
Со вакви бројки, Лучано Спалети ќе биде вториот најплатен тренер во Серија А, пред него е само Антонио Конте.