67
Париз Сент Жермен и
бразилската фудбалска федерација потврдија дека денеска најскапиот фудбалер во
светот, Нејмар имал успешна операција на скршеницата на стапалото, повреда со
која се здоби на дербито во Франција против Олимпик Марсеј.
Според информациите, за
Нејмар следи работа со физиотерапевт, а контрола ќе му биде направена за шест
недели кога ќе се утврди и можниот датум за неговото враќање на терените.
Неофицијално,
очекувањата се Нејмар да паузира од шест до осум недели, што подразбира дека
тој би требало да биде подготвен за настап во својата селекција на Мундијалот
во Русија предвиден да се одржи на лето.