Се шпекулира дека Жозе Мурињо не е во најдобар однос со Пол Погба откако стратегот на неколку натпревари го седна на клупа најскапиот фудбалер во историјата на „Црвените ѓаволи“.
Наводно „Специјалниот“ не е заодоволен од залагањето на Французинот, особено во играта во одбрана, а и Пол Погба не е задоволен од позицијата на која игра.
Се најавува дека фудбалерот од средниот ред би можел да замине од Олд Трафорд по крајот на сезоната, и Мино Рајола веќе го понудил играчот на неколку гиганти.
Контроверзниот агент вели дека во моментов не бара нов клуб за Пол Погба, но предупредува дека е подготвен да се фати за работа доколку има проблеми.
„Не сум такси па да однесам некого некаде, но секако, доколку работите не одат како што треба тогаш ќе бидам подготвен да ја завршам мојата работа и да пронајдам решение за играчот и клубот“ – вели Рајола.
„Во моментов Погба не ми кажал ништо и знам дека нема да замине без да освои титула“.
„Нема војна помеѓу него и Мурињо како што се зборува. Но кога е во прашање трансфер пазарот никогаш не се кажува целата вистина и никогаш не се вели никогаш“.