Лига 1 во корист на ПСЖ, одложено дербито кое можеше да ја реши трката за титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен доби одложување на дербито против Ленс со цел максимално да се подготви за реваншот против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Натпреварот кој требаше да се игра на 11 април е презакажан за 13 мај, по барање на лидерот во Лига 1, одлука која предизвика незадоволство кај Ленс.

Јасно е незадоволството кај Ленс, но и целосната фудбалска јавност (со исклучок на фановите на ПСЖ) во Франција. Со ова парижани добија предност во однос на конкурентот во трката за титулата, иако противникот не сакаше ниту да помисли да прифати одложување.

ПСЖ веќе направи голем чекор кон полуфинале со победата од 2-0 на првиот меч, па фокусот сега е целосно насочен кон европскиот предизвик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×