Ковач објаснил зошто не досудил пенал за Барселона (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Романскиот судија Иштван Ковач имаше една контроверзна одлука која го навлече гневот на Барселона, бурата од реакции е голема и ден по мечот.

Главната забелешка е тоа што не досуди пенал за Барселона при една необична ситуација. Голманот на Атлетико, Мусо, изведе гол аут, но Пубиљ ја собра топката со рака и тој изведе гол аут. Фудбалерите на Барселона бараа пенал, но не го добија.

Сите сметаат дека ова е голем превид на судијата и нејасно е зошто не досуди. Но, тој по мечот дал објаснување.

Неговиот став е дека не досудил пенал за Барселона затоа што Јамал бил во шеснаесетникот, па поради тоа не постоеле услови акцијата на Атлетико да почне кога Мусо изведе гол аут.

Од Барса тврдат дека Јамал бил пред шеснаесетникот, а во него влегол откако Мусо му ја подава топката на Пубиљ.

Шпанските медиуми тврдат дека имало комуникација меѓу Ковач и ВАР, но судијата категорично посочил дека акцијата на Атлетико не е почната.

Проценете:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×