Потег за почит: Витиња 20 минути седеше покрај теренот за да размени дрес со младинец на Ливерпул (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на ПСЖ, Витиња покажа класа која ретко се гледа во модерниот фудбал, Португалецот седеше покрај теренот 20 минути и трпеливо чекаше фудбалерите на Ливерпул да завршат со лесниот тренинг, за да го замени дресот со младинецот Треј Ниони.

ПСЖ вчера со 2-0 го совлада Ливерпул и обезбеди значајна предност пред реваншот на Енифлд, а Витиња ги освои симпатиите на навивачите со еден потег по крајот на натпреварот.

Португалецот седеше покрај теренот 20 минути и трпеливо чекаше фудбалерите на Ливерпул да завршат со лесниот тренинг, за да го замени дресот со младинецот Треј Ниони.

Тинејџерот на Ливерпул како идол го имал Витиња, па фудбалерот на ПСЖ му ветил дека ќе ги заменат дресовите, и сакал да си остане доследен на својот збор.

Витиња во моментов важи за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред, се говори дека Реал Мадрид е подготвен да одвои 100 милиони евра за неговите услуги, па неговата одлука да го испочитува анонимниот Треј Ниони е потег за почит и класа која ретко се гледа во модерниот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×