16
Eкипата на Милан сезонава реди, казна по казна, а сега Серија А им додели нова.
Клубот од „Сан Сиро“ е казнет за натпреварот против Наполи и ќе мора да плати 25.000 евра. Причина за казната е доцнењето во двете полувремиња. Првото почнува со задоцнување од две минути, а второто три минуди подоцна.
Тоа било доволно за Комисијата да реагира и да изрече казна.
Инаку, сезонава ако се соберат сите казни, „росонерите“ платија над 100.000 евра на Серија А.