Серија А како Премиерлигата

by
1 минути читање

Системот на распределба на парите од ТВ правата во Италија ќе биде променет од наредната сезона, по Примерот на Премиерлигата ќе се намали јазот на добиени средства помеѓу најголемите и најмалите клубови.

„Од следната сезона 40-50% од сумата ќе биде поделена на еднакви делови на сите клубови, остатокот од сумата ќе биде според освоеното место во претходната сезона, тоа ќе даде дополнителна важност за освојување на бодови и на мечевите кои се играат во финишот од сезоната“, вли Лоти.

„Ова ќе овозможи да се намали историската разлика меѓу лидерите и тие кои се нарекуваат мали клубови, тоа ќе ја доближи Серија А до Премиерлигата или Бундеслигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×