148
Неколку извори од Италија пренесуваат дека Расмус Хојлунд е под голем знак прашалник за вечерашното дерби помеѓу Наполи и Милан.
31. коло во Серија А се комплетира вечерва со дербито на „Диего Марадона“, Наполи го пречекува Милан.
Трите бода им се неопходни на двете екипи во битката за Скудетото, а последните информации говорат за проблеми за Антонио Конте на неколку часа пред мечот.
Расмус Хојлунд се жали на повреда и е под голем знак прашалник, одредени извори велат дека Данецот сигурно ќе го пропушти мечот.
Ромелу Лукаку е во Белгија, па и тој не е во комбинација, и големи се шансите во форот да се најде Џоване, или пак Скот Мектоминеј да игра „лажна деветка“.