Дали Чалханоглу го даде најубавиот гол сезонава во калчото? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Интер продолжуваат со сигурниот чекор кон титулата во Серија А, откако славеа убедлива победа од 5-2 против Рома, а потегот на натпреварот го имаше Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец постигна спектакуларен погодок, откако од огромна дистанца испрати силен и прецизен удар кој беше невозможен за одбрана за голманот на римскиот состав, Миле Свилар. Неговиот гол веднаш предизвика реакции во фудбалската јавност, а многумина веќе го издвојуваат како најубав погодок во досегашниот тек од сезоната во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×