Одличната серија
на Милан под водство на Гатузо продолжи со победа на пенали над Лацио во
полуфиналето од Купот на Италија.
Откако првиот
натпревар на Сан Сиро заврши 0-0, истиот резулгат гласеше на семафорот и
вечерва на Олимпико.
Милан и Лацио
имаа по неколку добри прилики, но мрежите мируваа па натпреварот одите во
продолженија. Таму, Калиниќ имаше шанса во 118. минута да ги реши сите дилеми
но Хрватот биеше високо над голот во ситуација еден на еден со голманот на
домаќините.
Откако стрелците
потфрлија и во доданите 30 минути, пенал рулетот го даде патникот во финале.
Седмата серија
беше клучна, Луиз Фелипе промаши за „Бјанкочелестите“, а Ромањоли, кој е
навивач на Лацио, смирено реализираше за големо славје на Милан.