112
Иско не ужива голема доверба кај Зинедин Зидан оваа сезона, Шпанецот вчера доби шанса против Еспањол но беше повлечен од игра во 70. минута.
Ваквата одлука не му се допадна премногу, Иско беше разочаран па со одење го напушти теренот и му требаа 35 секунди за да дојде до аут-линијата.
Oднесување на Иско сепак го навлече гневот на Серхио Рамос, капитенот веднаш му дофрли на својот соиграч.
„Во Реал, излегуваш од игра со трчање!“ – била пораката на Рамос, кој исто така не бил задоволен и од односот на Иско. „Треба да покажеш добар пристап и однесување“.