Четврта година по ред Нејмар нема да игра фудбал на роденденот на сестра му

by
1 минути читање

Во 2015 и 2016 за мечевите околу 11. март Нејмар беше суспендиран, а во медиумите се појавија слики како тој се вратил во Бразил за роденденот на сестра му. 

Брзо потоа тргнаа гласини дека тој намерно отсуствува тој период за да не ја пропушти роденденската забава.

Лани имаше ситна повреда тој период и трета година по ред отиде на забавата на сестра му.

Овој пат сигурно нема да игра фудбал околу 11. март, па повторно ќе има шанса да биде присутен на роденденот.

Сигурно дека тој не сакаше да го пропушти мечот со Реал Мадрид, повредата која ќе го одалечи од терените околу шест недели беше сосема случајна. Но ако настапеше против кралскиот клуб на шест март, потоа можеби ќе измислеше нешто друго за да отиде во Бразил, едноставно тој не го пропушта роденденот на сестра му.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани