702
Таман се врати во форма и нареди пет победи по ред, Реал Мадрид падна на гостувањето кај Еспањол каде загуби со 1-0.
Зинедин Зидан реши за овој натпревар да не смета на Кристијано Роналдо кој доби одмор во пресрет со оглед на тоа што се наближува реваншот против ПСЖ.
Реал Мадрид го имаше поседот на топката, се трудеше да создава шанси, но обидите главно беа јалови.
Еспањол беше многу поконкретен, во првото полувреме даде гол кој неоправдано беше поништен поради офсајд.
Но правдата беше задоволена во судиското продолжение од натпреварот, во 93. минута Морено погоди за победа на Еспањол од 1-0.