64
УЕФА денеска го објасни системот на квалификации за Лига Европа и Лигата на шампионите.
Клучни промени
* 26 тимови од следната сезона ќе обезбедат директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите вклучувајќи ги и победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, шест екипи ќе се приклучат од квалификациите
*Секој тим елиминиран во квалификациите за Лигата на шампионите ќе добие втора шанса во квалификациите за Лига Европа
*17 тима директно ќе се пласираат во групната фаза од Лига Европа, плус десет тима директно од плејофот и третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, плус 21 од квалификациите.
*Ќе име прелиминарна рунда квалификации за Лигата на шампионите (мини нокаут турнир) и Лига Европа (се игра во два меча)
Лига на шампиони
26. тима кои директно ќе се пласираат во Лигата на шампионите се:
– Победникот во Лигата на шампионите
– Победникот во Лига Европа
– Најдобрите четири екипи од најдобро рангираните четири првенства: Шпанија, Германија, Англија, Италија
– Најдобрите две екипи од 5. и 6. првенство по ранг: Франција, Русија
– Шампионите на првенствата рангирани од 7. до 10.: Португалија, Украина, Белгија и Турција
*Доколку шампионот во Лигата на шампионите се квалификува во групната фаза преку домашното првенство, местото ќе биде пополнето со шампионот на 11. по ранг првенство (Чешка), кој инаку треба да игра квалификации.
*Доколку шампионот во Лига Европа се квалификува директно во групната фаза преку домашното првенство, местото ќе биде пополнето со трето пласираниот тим од 5. по ранг првенство (Франција), кој инаку ќе треба да игра квалификации
*Една земја може да има максимум пет тима во групната фаза
Квалификации
Како и досега во квалификациите ќе има шампионски пат и лига пат.
Шампионски пат (четири места во ЛШ)
Во овој пат се шампионите на првенствата рангирани од 11. и подолу место, меѓу нив е и Македонија. За да се стигне до групната фаза во Лигата на шампионите треба да се поминат прелиминарната рунда, три квалификациски кола и плејоф.
*Прелиминарна рунда (мини нокаут турнир): учестуваат четири тима
*Прва рунда квалификации: 33 тима влегуваат директно плус победникот во прелиминарната рунда
*Втора рунда квалификации: три тима влегуваат директно плус 17 победници од првата рунда
*Трета рунда квалификации: два тима влегуваат директно плус 10 победници од втората рунда
*Плејоф: Два тима влегуваат плус шест победници од третата рунда
Македонскиот шампион ќе почне од првата рунда, ќе има тежок пат до групната фаза, но добрата вест е дека сите тимови од прелиминарната до третата рунда квалификации што ќе изгубат се префрлуваат во квалификациите од Лига Европа. Како и досега тие што ќе бидат елиминирани во плејофот ќе одат директно во групната фаза од Лига Европа.
Лига пат (две места во ЛШ)
По овој пат одат трето пласираните тимови од првенствата рангирани на петтото и шестото место и второпласираните во првенствата од седмото до 15. место.
*Второ квалификациска рунда: влегуваат шест тима
*Трето квалификациско коло: пет тима плус три од втората квалификациска рунда
*Плејоф: четири од третата квалификациска рунда
Лига Европа
*17. тима директно ќе се пласираат во Лига Европа, а тие се:
– По два тима од првенствата рангирани од 1. до 5. место: Шпанија, Германија, Англија, Италија, Франција
– По една од првенствата рангирани од 6. до 12. место: Русија, Португалија, Украина, Белгија, Турција, Чешка, Швајцарија
*10 тима ќе влезат директно во групната фаза од Лигата на шампионите, шестте елиминирани третото квалификациско коло и плејофот во Лига патот и четири елиминирани во плејофот од Шампионскиот пат.
Квалификации
* Како и во Лигата на шампионите и во Лига Европа има шампионски и лига пат.
Шампионски пат (осум места во ЛЕ)
Во овој пат ќе бидат екипите елиминирани во шампионскиот пат во Лигата на шампионите од прелиминарната рунда до третата квалификациска рунда:
*Втора квалификациска рунда: 20 тима елиминирани во прелиминарната рунда од Лигата на шампионите и првата квалификациска рунда
*Трета квалификациска рунда: Десет тима елиминирани во втората квалификациска рунда од ЛШ плус десетте победници од втората квалификациска рунда во ЛЕ
*Плејоф: Шест тима елиминирани во третата квалификациска рунда од ЛШ плус десетте победници од третата квалификациска рунда во ЛЕ
Лига пат (13 места во ЛЕ)
Тука се сместени екипи од сите 55. членки плус елиминираните од квалификациите за Лигата на шампионите од второто квалификациско коло од Лига патот
*Прелиминарна рунда: 16 тимови
*Прва квалификациска рунда: 86 тима влегуваат плус осумте победници од прелиминарната
*Втора квалификациска рунда: 27 тима влегуваат плус 47 победници од првата квалификациска рунда
*Трета квалификациска рунда: 15 тима влегуваат (вклучувајќи и три елиминирани тима од лига патот во квалификациите од ЛШ од втората рунда) плус 37 победници од втората квалификациска рунда
*Плејоф: 26 победници од третата квалификациска рунда