Отокот не се симнува, Нејмар дефинитивно не игра против Марсеј за Реал ќе се почека уште 48 часа

by
1 минути читање

Бразилецот вчера
ги загржи фановите на ПСЖ откако го повреди скочниот зглоб на десната нога и на
носилки со солзи во очите го напушти теренот.

Тренерот Унаи
Емери по крајот на мечот истакна дека се работи за дисторзија и изрази
оптимизам дека Нејмар ќе настапи на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на
шампионтие на 6. март.

Како што
пренесуваат медиумите, вчера доцна вечерта биле направени први тестови кои
покажале дека Бразилецот нема фрактура, а денеска МРИ снимката требала да
покажа дали се оштетени лигаментите. Сепак, отокот на
скочниот зглоб се уште е голем па овој тест е одложен за среда.

Нејмар
дефинитивно нема да игра против Марсеј во Купот, а за неговиот настап против
Реал ќе се знае за 48 часа.

Во меѓувреме, медиумите од Бразил пишуваат дека луѓето од таборот на Нејмар се
убедени дека најскапиот фудбалер на светот ќе истрча на теренот против
„Кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани