На дербито против Челси кога во игра влезе Баи, му однесе ливче на Немања Матиќ, се претпоставува дека на него биле напишани инструкции од Мурињо во однос на тактиката.
Но, многу брзо троловите на социјалните мрежи излегоа со одлична смешка, направија монтажа дека на ливчето имало нацртан автобус, инструкција од Мурињо тимот комплетно да се повлече во финишот од мечот.
What the note Mourinho gave to Matic really said pic.twitter.com/tViFTvWXIN
— Football Trolls (@Footballltrolls) February 25, 2018
Но Немања Матиќ преку својот инстаграм против денеска на одличен начин го даде својот одговор. Во раката држеше ливче, а на половина од сликата покажа што пишува на ливчето: „Имате три дена одмор“.
По победата над Челси, фудбалерите на Манчестер јунајтед добиле три дена одмор за да ги наполнат батериите за наредните предизвици, а Матиќ тоа го искористи да се пошегува и да им врати на троловите.