193
Гостувањето кај Рома беше вистински тест за Милан кој игра во неверојатна форма и атакува на место во топ четири кое пред некој месец изгледаше како невозможна мисија.
Милан го реши и денешниот тест, победи со 2-0 на Олимпико и скрати три бода од предноста на Рома.
Натпреварот беше решен во второто полувреме, во 48. минута Кутроне постигна гол со пета, а на 15. минути до крајот по едно убаво 1-2 проигрување Калабрија ги постави конечните 2-0.
Во следното коло се игра големото дерби помеѓу Милан и Интер, уште еден исклучително значаен натпревар за росонерите против директен конкурент за пласман во топ четири.