63
Манчестер јунајтед славеше со 2-1 во големото дерби од редовното коло на англиската Премиерлига, а во првите 45 минути игра резултатот гласеше 1-1.
Гостите преку Вилијан во 32. минута први дојдоа до водство, но само седум минути подоцна Лукаку донесе израмнување за домаќините по што со нерешен резултат се замина на паузата.
Херој во победата на Манчестер јунајтед беше џокерот од клупата на Мурињо, Лингард кој во 74. минута донесе исклучително важни три бода за домаќинот кој се врати на второто место на табелата од Премиерлигата.