Португалецот
денеска влезе во историјата како вториот играч кој стигнал до 300 погодоци во
Ла Лига. Барам ова е верзијата на Реал Мадрид, „Кралевите“ веднаш испратија
честитка до ЦР7 по неговите два гола против Алавес.
Сепак, честитка
за вакво достигнување не дојде од Ла Лига, телото кое е задолжено за најсилното
првенство на Шпанија не се огласи бидејќи според нивната статистика
Португалецот има 299 погодоци.
Исто така
изостана и честитка од УЕФА, и европската куќа на фудбалот смета дека
Кристијано Роналдо има 299 погодоци. Тие ова го потврдија со постот на Твитер
од профилот на Лигата на шампионите, со кој го поздравија потегот на ЦР7 да му
дозволи на Карим Бензема да шутира пенал иако тој е на прагот на 50. хет-трик и
погодокот број 300.
Cristiano Ronaldo had the chance to score his 50th career hat-trick and 300th Liga goal… but he let Karim Benzema take the penalty to complete Real Madrid’s 4-0 win against Alavés.
Classy#UCL pic.twitter.com/GyhtXpsfq7
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 24, 2018
Причина за ова е
еден погодок на Португалецот од сезоната 2010/11. На дуелот со Реал Сосиедад,
Кристијано Роналдо погодои од слободен удар. Но неговиот шут заврши во грбот на
Пепе, топката го промени движењето и заврши во мрежата. Во прв момент голот му
беше препишан на ЦР7, но подоцна Ла Лига му го додели на Пепе, нешто со кое не
се сложува Реал Мадрид. „Кралевите“ се убедени дека голот е заслуга на
Кристијано Роналдо па затоа тие денес испратија честитки до својата ѕвезда.