Не се само Тонали и Бруно Гимараеш, Манчестер јунајтед мерка и трет фудбалер на Њукасл

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ во Њукасл гледаат како дестинација да го засилат средниот ред, но и левата бековска позиција, во бележникот на Манчестер јунајтед стои и името на младиот Луис Хол.

Манчестер јунајтед летоска ќе прави реконструкција на средниот ред, на листата со желби има неколку имиња, а помеѓу врвот се двајца фудбалери на Њукасл – Сандро Тонали и Бруно Гимараеш.

Но последните информации велат дека „ѓаволите“ меркаат и трет фудбалер на Њукасл.

Во бележникот на клубот од Олд Трафорд стои и името на младиот Луис Хол, кој е идентификуван како долгорочна замена за Лук Шо на левата бековска позиција.

Луис Хол оваа сезона се промовираше како еден од најперспективните играчи во Премиерлигата, и еден од најконзистентните во турбулентната сезона на популарните „страчки“, па често добива пофалби за своите партии, така беше и овој месец кога тој одлично се справи со Ламин Јамал.

Многумина сметаат дека тој лесно може да биде левиот бек на репрезентацијата на Англија во следните 10 години, па затоа и цената му е прилично висока – околу 80 милиони фунти.

ФОТО: X/Newcastle United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×