Дисциплинската комисија денеска донесе одлуки за дисциплински постапки и казни за фудбалери и официјални лица по случувањата на фудбалските терени во изминатиот период.
Во фокусот е натпреварот меѓу Башкими и Струга од деветтото коло, по кој се отвораат три дисциплински постапки. Првата е против Башкими поради слаба организација на натпреварот, додека Дурим Хида ќе биде предмет на постапка поради попречување на официјалните претставници при влезот во просториите на гостинската екипа.
Постапка е отворена и против Муарем Муарем поради неовластено присуство во техничката зона за време на истиот натпревар.
Кога станува збор за изречените казни, најстрого помина тренерот на второлигашот Охрид, Ромео Кочоски, кој доби забрана за вршење на должноста во времетраење од еден месец.
Покрај него, дисциплински санкции добија и петмина фудбалери.
Казни за уште петмина фудбалери
- Ендрит Рустеми (Шкупи 1927) – забрана за настап на еден натпревар.
- Стефан Бабунски (Детонит) – забрана за настап на еден натпревар.
- Трајче Ников (Кожуф) – забрана за настап на еден натпревар.
- Христијан Торнески (Новаци) – забрана за настап на еден натпревар.
- Валентин Кочоски (Охрид) – забрана за настап на два натпревари.