39
Македонија вечерва на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ќе игра против Данска во баражот за Светското првенство, а пред овој натпревар УЕФА потсети и на една мајсторија на Елиф Елмас од групите.
Имено, Македониај во Скопје го победи Лихтенштајн со 5-0, а во овој дуел македонскиот „дијамант“ изведе вистински слалом во кој си поигра со неколку противнички фудбалери и успеа да ја испрати топката во мрежата.
Сите посакуваме Елмас како што знае да блесне и вечерва со што би ѝ помогнал на Македонија да дојде до уште едно финале во мундијалски бараж по претходното против Португалија кога во полуфиналето ја елиминиравме Италија.