94
Реал Мадрид со
4-0 славеше над Алавес и ја потврди добрата форма. „Кралевите“ лесно триумфираа
благодарејќи на одличното издание на „ББЦ“.
Кристијано
Роналдо постигна два гол, а по еден Герет Бејл и Карим Бензема. ЦР7 во финишот
од мечот можеше да стигне до хет-трик, кој ќе беше 50ти во неговата кариера, но
Португалецот реши да му ја препушти должноста на Карим Бензема, кој игра во
очајна форма и редовно добива свирежи од публиката на Сантијаго Бернабеу.
Критичарите често
велат дека Кристијано Роналдо е себичен и секогаш сака да биде во центарот на
вниманието, па Португалецот со овој потег барам на момент ги замолка злите
јазици