Најдобриот и
најпрофесионален брокер за онлајн обложување BET-IBC и овој ден со неколку
предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Про Верчели –
Палермо: Победа или реми на гостинот
Илија Несторовски,
Александар Трајковски и Палермо беа есенски шампиони во Серија Б, но
„Сицилијанците“ не играат на потребното ниво во 2018 и го загубија врвот на
табелата. Палермо има три порази во низа па оваа лоша серија придонесе играчите
пет дена да бидат во карантин. Пред Палермо сега е гостувањето кај Про Верчели
и тренерот Тедино порача дека ова е момент кога неговите избраници треба да се
освестат и да им се вратат на победите. За оваа средба гостите нема да можат да
сметаат на Алесами но во составот се враќа Коронадо кој ќе треба да ги
разигрува соиграчите и да му помогне на Илија Несторовски да ја затресе мрежата
на противникот. Палермо практично нема право на кикс па се очекува
„Сицилијанците“ дома да заминат барем со бод или по можност со цел плен.
Ливерпул – Вест Хем:
Повеќе од 2,5 гола
Откако го
демолираше Порто во Лигата на шампионтие пред 10 дена, Ливерпул повторно е во
акција, на Енфилд денеска гостува Вест Хем. Клоп нема проблеми со повредите, па
се очекува тимот кој со 5-0 славеше на Драгао да го започне и денешниот меч. Дејвид
Мојс никогаш нема победено на Енфилд, во 14 натпревари на кормилото на Евертон,
Манчестер јунајтед и Сандерленд тој има седум порази и исто толку нерешени
исходи. „Чеканите“ имаат квалитет во своите редови да го изненадат противникот,
но тешко е за верување дека Дејвид Мојс денеска ќе ја урне оваа лоша серија со
оглед на тоа во каква форма играат „Црвените“ особено офанзивните играчи како
Фирмино и Салах. Двајцата редовно ги тресат противничките мрежи па за очекување
е нивното голгетерско шоу да продолжи и против Вест Хем. На последните три меча
помеѓу овие два противника паѓаа по четири погодоци, па и денеска се очекува
сличен исход.
BET-IBC е активен
повеќе од 10 години, нуди беспрекорна услуга и врвно обложувачко искуство од
нова генерација. Па не размислејте
повеќе, отворете сметки за обложување и уверите се сами дека BET-IBC е најдобар
и најпрофесионален брокер за онлајн обложување.
Реал Мадрид –
Алавес: Двата тима да постигнат гол
„Кралевите“
попладнево пред своите фанови го пречекуваат Алавес во дуел на два тима кој
играат во одлична форма во последна време. По триумфот над ПСЖ во Лигата на
шампионите, избраниците на Зидан сврзаа и две победи во Примера, а Алавес има
серија од три триумфи по поразот на гостувањето кај Барса, каде водеа на
полувремето но потклекнаа во финишот од мечот. Популарното ББЦ треба да се
врати во стартниот тим, но Реал има одредени проблеми при составување на првите 11. Крос, Модриќ и Марсело и понатаму се повредени а Рамос е суспендиран
откако во средата го заработи рекордниот 169. жолтi картон. Асенсио, кој главно
ги разигруваше соиграчите на претходните три натпревари исто така е под знак
прашалник, младиот Шпанец во петокот мораше да извади еден умник и го прескокна
тренингот. Алавес има само едно отсуство, Мунир Ел Хадади е суспендиран.
Квалитетот е на страната на Реал Мадрид и домаќините веројатно ќе стигнат до
победа, но одличната форма на Алавес и големиот број на повреди кај шампионот
најавуваат возбудлив натпревар во кој се може да се случи.
Баерн – Херта:
1-1
Баварците го
пречекуваат ривалот од главниот град на Германија во 24. коло од Бундеслигата. Шампионот
во овој натпревар влегува во одлична форма и победа од 5-0 над Бешикташ во
Лигата на шампионите. Гостите не можат да се пофалт со ваква серија, на
последниет пет средби имаат само еден триумф. Јуп Хајнкес и за овој меч ќе
треба да направи одредени промени во тимот, стратегот не може да смета на
повредениот Хамес Родригез, Боатенг исто така е надвор од комбинација а под знак
прашалник е и Џошуа Кимих. Сепак „Баварците“ имаат широк состав и се очекува
силени стартни единаесет. Нападот треба да го предводи Роберт Левандовски, кој ќе брка
рекорден 12. натпревар на кој постигнува гол на Алианц Арена во Бундеслигата.
Робен и Рибери исто така треба да добијат шанса од првата минута откако останаа
на клупа на дуелот со Бешикташ. Гостите имаат одредени проблеми со повредите па
тешко дека ќе можат да му се спротивстават на фаворитот како што тоа го сторија
на првиот натпревар оваа сезона кога се изборија за 2-2. Сите очекуваат победа на „Баварците“ која ќе
биде потврдена уште во првиот дел.
BET-IBC исто така
нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го
допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, нивниот VIP-IBC ќе
се погрижи да бидат задоволни.