106
Реал Мадрид славеше
победа на гостувањето кај Легањес со 1-3 во 16. коло во Примера, меч што беше
одигран пред само два дена а истиот беше заостанат.
На мечот во Легањес се
случи една чудна ситуација, Зидан го уфрли во игра Себаљос на местото на
Ковачиќ во финишот од средбата, но по само 30 секунди игра го извади,
францускиот стратег рече дека му се извинил на фудбалерот за тој потег.
„Тоа беше лошо, никогаш
не сум посакувал да уфрлам некого во игра и за 30 секунди да го извадам од
теренот. Ми беше многу жал за тоа што се случи, му се извинив, Дани Себалјос
знае дека не играше многу оваа сезона, но тој работи премногу, тој е одличен“
изјави Зидан.