151
Францускиот гигант Париз
Сент Жермен се вклучи сериозно во битката за потписот на напаѓачот на Интер,
Мауро Икарди.
Аргентинецот подолг
период се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но засега ништо од тоа не се
оствари.
Според информациите, ПСЖ
е подготвен да испрати понуда до тимот од Милано вредна 110 милиони евра,
онолку, колку што неофицијално изнесува неговата откупна клаузула во договорот
со Интер.
„Кориере дело Спорт“
пишува дека ПСЖ планира на Икарди, кој се споменува како идеална замена за Кавани,
да му понуди 40 милиони евра за петгодишен договор.