Дојде ред и Шкупи да има гол на колото! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вчера со натпреварот помеѓу Шкупи и Башкими беше затворено 24. коло во Првата лига, натпреварот донесе чуден развој на настаните, а на крајот кумановскиот состав славеше со 3-2.

Шкупи на големо изненадување поведе со 2-0 на стартот од првото полувреме и тоа со два прекрасни гола. Сепак, поатрактивен беше вториот на Чајани кој одлично шутираше од далечина.

До крајот чаирчани иако имаа и играч повеќе на теренот си дозволија да примат три гола и да го загубат натпреварот. Сеознава Шкупи досега постигна само 14 голови во првенството што е убедливо најмалку, а освои само еден бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×