Шпанските обвинители за анти-корупција поднесоа обвинение од 17 страни за местење на натпреварот помеѓу Сарагоса и Леванте одигран на 21. мај, 2011 година.
Меѓу фудбалерите кои се во обвинението е и Андер Ерера кој тогаш го носеше дресот на Сарагоса, како и Габи од Атлетико Мадрид.
Ерера е еден од деветте фудбалери на Сарагоса кои се товарат дека земале по 90.000 евра, а со дел од парите подоцна завршиле во рацете на играчи на Леванте кои го пуштиле натпреварот со цел нивниот ривал да обезбеди опстанок.
Пред неколку години кога случајот излезе во јавноста Ерера изјави: „Никогаш не сум и никогаш нема да имам нешто со манимулирање на резултати на натпревари. Доколку било кога бидам повикан да сведочам во суд, со задоволство ќе го направам тоа“.
Обинителството бара по две години затвор за секој обвинет и по шест годишна суспензија од фудбалските терени.
Во обвинението за Ерера стои дека тој најпрво на 17. мај земал 50.000 евра, а два дена подоцна уште 42.000 евра.
Мечот тогаш го доби Сарагоса со 2-1 и остана во лигата, Депортиво се пресели во Сегунда дивизија.
И да бидат прогласени за виновни веројатно ниту еден од фудбалерите нема да отиде зад решетки бидејќи според законот во Шпанија доколку се работи за затворска казна до две години лицето не мора да ја одлежи доколку претходно не бил осудуван, ќе помине само со парична глоба.