Прв патник официјално во
осминафиналето во Лига Европа од денешните средби е Локомотив Москва кој со
триумфот од 1-0 пред своја публика ја елиминираше Ница. Рускиот тим на првиот
меч во Франција славеше со 2-3.
Од натпреварите кои
почнаа подоцна, ќе го издвоиме прогресот на Спортинг Лисабон кој по гостинската
победа од 1-3 кај Астана, на домашен терен во реваншот ремизираше со 3-3, а нашиот Стефан Ристовски го одигра
целиот меч.
Лион по домашната победа
од 3-1, славеше и на гостувањето кај Виљареал, овој пат минимално со голот на
Траоре во 86. минута, а домаќините од 78. минута играа со играч помалку откако
исклучен беше Коста.
Наполи дома загуби со
1-3 од Лајпциг, па се обиде да направи чудо на реваншот во Германија, беше на
прагот да го стори тоа, но не успеа, па на крајот доживува елиминација откако
славеше со 0-2 во реваншот, недоволно за прогрес во осминафиналето. Зјелински
во 33. и Инсиње во 86. минута беа творци на победата на италијанската екипа.
Резултати:
17 часот
Локомотив Москва – Ница 1:0
19 часот
Атлетико Мадрид –
Копенхаген 1:0
Динамо Киев – АЕК 0:0
Лацио – Стеауа 5:1
Плзењ – Партизан 2:0
Лајпциг – Наполи 0:2
Спортинг Лисабон –
Астана
3:3
Виљареал – Лион 0:1
Зенит – Селтик 3:0
(болдирани се
екипите кои продолжуваат во следната фаза)
Од 21,05 часот
предвидени се следниве средби…
Милан – Лудогоретс
Арсенал – Остерсундс
Аталанта – Борусија Дортмунд
Атлетик Билбао – Спартак
Москва
Брага – Олимпик Марсеј
Салцбург – Реал Сосиедад
Фото-вест: uefa.com