Медиумите од „островото“ пренесуваат дека двајца фудбалери на Брентфорд завршиле крвави откако притрчале на помош на маж кој бил нападнат во Лондон.
Двајца фудбалери на Брентфорд, кои во моментов остануваат анонимни, херојски се вмешале во напад на човек во Лондон, се претпоставува дека нападот бил на расна основа.
Инцидентот се случил околу 2 часот наутро во неделата, двајцата се враќале дома по гостувањето кај Лидс, кога забележале дека маж бил нападнат на „Квинс Роуд“ (во близина на тренинг центарот на Брентфорд).
Тие веднаш притрчале да и помогнат на жртвата, физички се вмешале во инцидентот и чекале да дојде полицијата.
Сведоци велат дека двајцата завршиле „крвави“ по судирот, но ниту еден од нив не се здобил со посериозни повреди кои би барале дополнителен медицински третман.
Полицијата го потврди инцидентот, но не откри многу детали, во моментов нема приведени и истрагата е во тек.
ФОТО: X/Brentford FC