Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор реши да расчистува стари сметки со Диего Симеоне па му дофрли нешто на тренерот на Атлелтико Мадрид кога го напушти теренот на синоќешното дерби.
Реал синоќа со пресврт го совлада Атлетико со 3-2 во лутото дерби на Мадрид, па Винисиус Жуниор реши да му врати мило за драго на Диего Симеоне.
Двајцата имаа мала вербална војна во јануари во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија.
Тренерот на Атлетико тогаш му дофрли на напаѓачот: „Вини, Перез ќе те избрка од Реал, запамети што ти кажав“.
Аргентинецот алудираше на тоа дека првиот човек на „кралевите“ полека го губи трпението со однесувањето на Бразилецот, кој постојано влегува во расправии и провокации со противниците.
¡NUEVO ENCUENTRO ENTRE VINI Y SIMEONE! 😲 🔥
— ESPN.com.mx (@ESPNmx) March 22, 2026
¿Qué le habrá dicho el 🇧🇷 al técnico antes de salir del campo? pic.twitter.com/iaK5uTmPrg
Синоќа Винисиус Жуниор реши да расчисти стари сметки, па кога во финишот беше повлечен од игра, му дофрли нешто на Диего Симеоне, кој пак веднаш ги алармираше судиите за однесувањето на Бразилецот.
Во моментов не е јасно што напаѓачот кажал, но тој испрати јасна порака во разговор со ТВ каналот на Реал Мадрид.
„Многу сум среќен, цела сезона работиме напорно за вакви натпревари. Живеам за вакви моменти, се појавува најдобрата верзија од мене. Претседателот Флорентино Перез секогаш ми вели дека треба да давам по два гола, и еве вечерва дадов два гола. Овие два гола се за Флорентино Перез“ – рече Винисиус Жуниор, кој го предводеше пресвртот на Реал и победа од 3-2.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.