Рајола повлече потег по одлуката на Мурињо да го седне Погба на клупа

by
1 минути читање

Жозе Мурињо и Пол Погба не функционираат на иста бранова должина, менаџерот бара играчот да помага и во дефанзива додека пак Французинот сака поголема слобода во играта и повеќе офанзивни задолженија.

Незадоволен од изданијата на својата ѕвезда, Португалецот го седна Пол Погба на клупата и шанса во првиот тим му дава на 21 годишниот Скот Мектоминеј.

На ваката одлука на „Специјалниот“ свој одговор има Мино Рајола. Спорт Илустрејтед повикувајќи се на извор блисок до Пол Погба пренесе дека контроверзниот агент со денови им се јавува на топ клубовите ширум Европа и се обидува да ги убеди да достават понуда за Французинот во летниот преоден рок.

Но во моментов никој не сака да „загриза“, а причина за ова е високата цена на трансферот како и платата на играчот. Неименуван гигант кој бил заинтересиран за Пол Погба пред две години, сега смета дека се спасил што не успеал да го ангажира Французинот.

СИ исто така додава дека Жозе Мурињо на луѓето им вели дека е задоволен од Пол Погба, нема намера да го продаде и само се обидува да го мотивира да заигра подобро.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Французинот, кој не успева да блеска по враќањето на Олд Трафорд во 2016 за тогаш рекордни 105 милиони евра плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×