Шпанците откриваат: Реал ја сврте сезоната за една седмица!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид за само две недели направи целосен пресврт и од тим во криза се претвори во кандидат за двојна круна, пишуваат шпанските медиуми.

По двата порази во низа на почетокот на март и зголемената негатива зад Барселона, „кралевите“ реагираа со радикални промени. Клубот му врачи отказ на Чаби Алонсо и го назначи Алваро Арбелоа, потег за кој во Мадрид веруваат дека бил клучен за подигнување на формата.

Новата енергија брзо се почувствува. Тимот ја подобри физичката подготвеност, а играчи како Федерико Валверде и Винисиус Жуниор повторно станаа носители на играта. Пресвртница бил и состанокот во соблекувалната во Мадрид, каде фудбалерите отворено разговарале и решиле дека мора да се менуваат работите.

Под водство на Арбелоа, Реал изгледа многу поцврсто и физички подготвено, што го потврдува и фактот дека во двомечот со Манчестер Сити го наттрча тимот на Пеп Гвардиола.

Следен предизвик за „кралевите“ е градското дерби против Атлетико Мадрид, кое доаѓа во клучен момент од сезоната. Реал нема право на кикс во трката за титулата, особено по тешкиот пораз на „Метрополитано“ претходно во сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×