Михајло Мудрик работи индивидуално на својата форма, фудбалерот на Челси од 100 милиони го користи теренот на нисколигашот Арбриџ за да го билда својот фитнес.
Михајло Мудрик беше суспендиран во декември 2024 година откако падна на допинг тест, беше позитивен на Мелдониум.
Украинецот не смее да тренира со соиграчите од Челси, ниту пак да ги користи терените на клубот.
Па тој работи индивидуално на својата форма, го користи теренот на нисколигашот Аксбриџ, ангажирал голман и приватен тренер, и на социјалните мрежи често објавува видеа од сесиите.
Судејќи по последната објава, може слободно да се каже дека Михајло Мудрик изгледа непрепознатливо, има долга и неуредна коса, како и брада.
За неговите услуги Челси плати 70 милиони евра, плус додатни 30 милиони во бонуси, а договорот му е до 2031 година.
