Меси се најде на мошне интересна фотографија од Стемфорд Бриџ

by
1 минути читање

Лионел Меси синоќа ја
спаси Барселона од пораз на гостувањето кај Челси во првиот меч помеѓу овие две
екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

За Аргентинецот голот
против англискиот првак беше од огромно значење, тој за прв пат погоди против
Челси во својата кариера и го скрши проклетството.

Меси стана фудбалерот
кој има најмногу погодоци во Лигата на шампионите против англиските екипи,
вкупно 18, а интересна фотографија кружи низ социјалните мрежи кои ја доловија
фоторепортерите од средбата во Лондон, Аргентинецот во фокусот, а позади него
дел од банерите на Стемфорд Бриџ, на кои пишува „
The King (Крал).

Нешто повеќе за голот на Меси против Челси, нему му требаа девет меча против тимот од Лондон за прв гол против тој противник, или поточно 730 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани