Како да не се во доволна криза: ФА отвори постапка против тренерот на Тотнем!

by 24 фудбал
1 минути читање

Менаџерот на Тотнем, Игор Тудор, е предмет на постапка од Англиската фудбалска асоцијација поради изјавите по поразот од Фулам од 2-1.

Хрватскиот стратег жестоко го критикуваше судијата Томас Брамал, обвинувајќи го дека го фаворизирал домашниот тим, особено при акцијата за првиот гол на Фулам.

Не ми се допадна судијата денеска, премногу го протежираше домашниот тим. Не сум задоволен од неговото судење. Сите одлуки беа во нивна корист. Тој не го разбира фудбалот, нема чувство што е правилно, а што погрешно“.

Од ФА реагираа дека Тудор со ваквите коментари го довел во прашање интегритетот на судијата и дека неговото однесување било несоодветно. Тотнем и Тудор имаат рок до понеделник да одговорат на обвинението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×