„Детектив“ Розениор откри: Го пронајдовме кртот и го решивме случајот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси конечно стави крај на проблемот со протекување информации од соблекувалната, откако во јавноста се појавуваа детали за стартниот состав пред дуелите со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Лондонскиот клуб спроведе внатрешна истрага и го откри изворот, но тренерот Лиам Розениор потенцираше дека не станува збор за фудбалер. „Знаеме кој е и случајот е затворен“, кратко изјави стратегот.

Дополнителен проблем за „сините“ се повредите пред натпреварот со Евертон. Трево Чалоба ќе паузира неколку недели поради повреда на зглобот, Филип Јоргенсен е надвор по операција, а Рис Џејмс ќе го пропушти следниот меч поради проблем со тетивата, иако не станува збор за сериозна повреда.

Челси во наредниот период ќе мора да се справи со кадровските проблеми, но и да ја стабилизира формата по разочарувањето во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×