Голем проблем за Реал пред клучните битки во сезоната!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид се соочува со нов проблем во клучен дел од сезоната, а овојпат станува збор за Тибо Куртоа.

Белгискиот голман заработи повреда на мечот против Манчестер Сити и беше заменет на полувремето, а од клубот потврдија дека станува збор за проблем со мускулот во десниот квадрицепс.

Првичните информации од Шпанија не се оптимистички. Куртоа ќе паузира неколку недели и постои реална можност да ги пропушти двата четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, со враќање кое се најавува дури за мај.

Во меѓувреме, Баерн добива позитивни вести, бидејќи Мануел Ноер веќе се врати на тренинзите и се очекува да биде подготвен за големата пресметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×