Дени Мусовски, новото име во репрезентацијата на Македонија, погоди за Сиетл против Ванкувер во Конкакаф Лигата на шампиони и покажа дека е во добра голгетерска форма пред баражот против Данска.
Македонија на 26. март гостува кај Данска во полуфиналето од баражот за Светското првенство, а на списокот на Гоце Седлоски се најде и Дени Мусовски, кој треба да дебитира во „црвено-жолтиот“ дрес.
Искусниот напаѓач покажа дека е во добра голгетерска форма и утрово погоди за Сиетл во пресметката против Ванкувер во Конкакаф Лигата на шампиони.
Во 78. минута од мечот, Дени Мусовски скокна највисоко и со глава ја затресе мрежата за 1-1. До крајот на натпреварот, неговиот тим стигна и до втор гол, и го потврди пласманот во четвртфинале.
What a dime, what a finish 👌
— Major League Soccer (@MLS) March 19, 2026
Peter Kingston finds Danny Musovski to put @SoundersFC in the driver's seat. #ConcaChampionspic.twitter.com/wnp0YVEe1d
ФОТО: X/Seattle Sounders FC