Новинарот Фабрицио Романо вели дека како што стојат работите во овој момент, Манчестер јунајтед не размислува да му понуди нов договор на Касемиро.
На почетокот од годината, „ѓаволите“ соопштија дека Касемиро го напушта Олд Трафорд по крајот на сезоната.
Манчестер јунајтед имаше опдија да го продолжи договорот на Бразилецот за додатни 12 месеци, но тие преферираа да го пуштат фудбалерот од средниот ред беспари да замине, проблем е неговата огромна плата од 350.000 фунти неделно.
Но откако Касемиро се покажа како клучен играч во неколку важни победи, почнаа да кружат гласини за негово останување.
Сепак, како што вели добро упатениот Фабрицио Романо, во моментов нема ништо.
„Како што стојат работите денеска, ништо се нема променето, во овој момент Манчестер јунајтед не преговара со Касемиро. Неговата плата е огромна, плус годините се фактор. Да, тие се задоволни од неговите перформанси и тој е клучен играч за Мајкл Керик, но во моментов нема ништо“.