Секој ден нешто ново: Иран би играл на Мундијалот, ама не во САД

by 24 фудбал
1 минути читање

Ситуацијата околу настапот на Иран на претстојното Светско првенство добива нов момент. Иранската фудбалска федерација започнала разговори со ФИФА за промена на локацијата на своите натпревари.

Причина за ваквиот потег се последните политички тензии, кои дополнително се разгореа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека за Иран би било подобро воопшто да не настапи на Мундијалот. Овие зборови предизвикаа силни реакции и отворија дилема околу условите за настап на иранската селекција.

Според информациите, иранската страна веќе разгледува алтернативи, а како најреална опција се споменува Мексико. Дипломатските претставници на Иран таму веќе испратиле сигнал дека нивната желба е натпреварите да се одиграат токму на мексиканско тло.

Сепак, вакво сценарио тешко дека ќе се реализира. Од ФИФА не се расположени за какви било измени на организацијата на турнирот, особено ако се знае дека до стартот на Светското првенство останува релативно краток период. Иран на шампионатот треба да настапи во групата Г, каде ќе се соочи со селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд, но останува да се види дали сите натпревари ќе ги одигра на планираните локации или ќе дојде до некаква компромисна одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×