Фратези до Скалвини како деца кога играат на улица: Ме удри, се колнам во мајка ми!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија откриваат нови информации за случувањата на теренот на натпреварот помеѓу Интер и Аталанта и откриваат што си кажале Давиде Фратези и Џорџо Скалвини еден на друг.

Интер во саботата испушти два бода против Аталанта во меч со контроверзна завршница, гостите изедначија под сомнителни околности, а потоа домаќините не добија пенал по еден дуел на Џорџо Скалвини и Давиде Фратези.

Медиумите од Италија сега откриваат што си кажале еден на друг двајцата, фудбалерот на Интер користел фраза што секое дете ја употребило на улица со другарите.

„Ме удри Скалво, ме удри. Се колнам во мајка ми, ме удри!“ – вели Давиде Фратези.

Дефанзивецот на Аталанта се правда и одговара, „Не те удрив, јас само стоев“.

Останува да се види какво ќе биде официјалното објаснување на судиите, но речиси сите стручни коментатори и поранешни судии сметаа дека контактот бил доволен за пенал, и не им е јасно како од ВАР собата не го коригирале судијата Џанлука Манганиело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×