18
Ливерпул синоќа киксна откако на домашен терен одигра само 1-1 против Тотнем кој на Енфилд пристигна во очајна форма и со многу повредени фудбалери.
Пристигнуваат критики на адреса на Ливерпул кој во претходното коло доживеа пораз од Вулвс и во моментов е на петтата позиција, но со можност да биде престигнат од конкурентите.
Собослаи вели дека мора да се разбудат, во спротивно тимот ќе тоне на табелата и наместо во Лигата на шампионите ќе игра во Конференциската лига.
„Треба да се разбудиме. Ако продолжиме вака, следната година ќе играме во Конференциската лига“, изјави Собослаи по мечот.