Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, со својата последна изјава можеби навестува кој ќе ја води екипата следната сезона.
За време на посетата на Кина за настаните од Формула 1, Ретклиф се сретна со новинарите и беше запрашан за работата на Мајкл Керик, кој го презема клубот како привремен наследник на Рубен Аморим.
„Тој одлично ја врши својата работа, да, апсолутно“, кратко одговори сопственикот на „Олд Трафорд“.
Сепак, тој не сакаше да открие дали ова значи дека Керик ќе добие договор на подолг рок.
„Сега не е време да зборуваме за тоа“, додаде Ретклиф.
Денес, Манчестер Јунајтед го очекува натпревар против Астон Вила, меч кој е клучен во борбата за четвртата позиција на табелата. Дуелот е закажан за 15:00 часот.