Aреблоа за голот на Ѓулер од 60 метри: Вистинско ремек-дело! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, со многу емоции го коментираше триумфот на неговиот тим над Елче од 4-1, натпревар кој го одбележа фантастичниот погодок на младиот турски талент Арда Ѓулер.

Младиот офанзивец го привлече вниманието со спектакуларен удар од голема дистанца, со кој го постави конечниот резултат и ги воодушеви навивачите на „кралевите“. Арбелоа по мечот не го криеше воодушевувањето од потегот на Ѓулер, оценувајќи дека станува збор за гол кој долго ќе се памети.

„Тоа е гол што треба да се стави во рамка. Вистинско ремек-дело. По ваква вечер човек може да биде целосно задоволен“, изјави стратегот на мадридскиот клуб.

Покрај Ѓулер, во листата на стрелците се запишаа и Антонио Ридигер, Федерико Валверде и Дин Хујсен, а со новите три бода Реал Мадрид останува во игра за врвот во шпанското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×