Реал Мадрид со убедливи 3-0 го победи Манчестер Сити, а сите три гола беа дело на Федерико Валверде во првото полувреме, ПСЖ со 5-2 го доби првиот осминафинален дуел против Челси, Бодо/Глимт со 3-0 славше над Спортинг Лисабон.
Федерико Валверде имаше вистинско шоу во првото полувреме кога ги постигна сите три кола, кои на крајот се покажаа и како единствени на натпреварот.
Валверде серијата ја отвори во 20. минута кога погоди по асистенција од Куртоа. Седум минути подоцна ја дуплираше предноста на Реал Мадрид, а пред крајот на првиот дел комплетираше хет-трик за убедливи 3-0.
Победата на Реал Мадрид можеше да биде и поубедлива, но Винисиус промаши пенал во 58. минута од натпреварот. Шутираше навистина лошо.
Во Париз имаше дуел меѓу актуелниот европски и светски шампион, ПСЖ и Челси, домаќините славеа со 5-2.
Баркола уште во 10. минута донесе предност за ПСЖ, но во 28. минута Густо го изедначи резултатот на 1-1.
На пет минути до крајот на првиот дел Дембеле ја врати предноста на ПСЖ, погоди за 2-1.
По 12 минути игра во вториот дел Енцо Фернандез донесе ново израмнување за Челси, 2-2.
Во 74. минута Витиња погоди за водство од 3-2 за ПСЖ, десетина минути подоцна Кварцахелија реализираше за 4-2, а тој погоди и во судиското продолжение за конечни 5-2.
Бодо/Глимт уште еднаш покажа дека е фантастичен на домашен терен, го совлада Спортинг Лисабон со 3-0 и ја продолжи бајката во Лигата на шампионите.
Фет, Бломберг и Хог беа стрелци во победата на норвешкиот тим.
Во првиот денешен меч Баер Леверкузен и Арсенал одиграа нерешено 1-1.